Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за време на гостувањето во емисијата Амиџи шоу му се доверила на водителот Огнен Амиџиќ дека ослабнала 7 килограми во последно време.
Забележливо е дека Цеца изгледа подобро од било кога, но најважно од се е дека пејачката конечно успеала да го реши здравствениот проблем кој долго ја мачел.
Таа раскажала дека имала проблем со хормоните кои предизвикале забавување на метаболизмот, поради што многу отекувала.
-Симнав 7 килограми. Престанав да јадам. Ми се врати мојот метаболизам. Претходните две години имав проблем, многу отекував и метаболизмот ми беше забавен, но сега се е во ред. Хормоните сега ми се добри – раскажала Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.