| четврток, 6 декември 2018 |

Најавени нови инвестиции во Крушево

rep154-Krusevo-7

Градоначалникот на Крушево Ѓорѓи Дамчески, денеска информираше дека минатата година локалната самопуправа завршила 10 значајни проекти за подобрување на животот на граѓаните. Меѓу нив со пари од ИПА- фондовите општината рекоструира 1,2 километри секундарна водоводна мрежа, асфалтиран е пат до населенот место Врбоец и е набавена скип-машина за чистење снег.

– Особено се користи сега е скип-машината за чистење снег која е во вредност од 4,2 милиона денари. Градот доби и завршена капитална инвестиција – изграден е цевководот од регионалниот водовод Студенчица- пумпна станица кај селото Норово до населеното место Свето Митрани во должина од 9 километри, а вредноста на инвестицијата е 17 милиони денари, од кои 14 милиони денари се од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и три милиони денари од локалната самоуправа. Со овој проект се решава деценискиот проблем со недостиг на вода за пиење на околу 2000 жители од селата Врбоец, Свето Митрани, Пресил и Бучин. Општината лани спроведе и повеќе проекти во инфраструктурата, рече Дамчески.

Според Дамчески, Крушево има амбициозен план со проекти и за оваа година.

– Ќе се реализира веќе почнатиот проект за изградба на две тениски и едно повеќенаменско спортско игралиште и ќе се гради зона за фитнес. До средината на 2018 година ќе изградиме и нова спортска сала со што ќе се закружи формирањето на спортско-рекреативниот центар „Гумење“, наменет за висински подготовки за индивидуалните и колективните спортови. Вредноста на инвестицијата е 25 милиони денари, главно од Агенцијата за млади и спорт. За подобрување на водоснабдувањето во Крушево ќе биде проектот за зафаќање на дополнителни извори за вода од Бушова Планина со дарежливост од 5 литри вода во секунда како и изградба на пумпна станица за викенд населбата „Вршник“. Проект е во вредност од 12 милиони денари, пари од Европската инвестициона банка, изјави Дамчески.

Годинава, како што рече, во Крушево ќе се реконструира старата училишна зграда на основното училиште „Никола Карев“ за потребите на културата, а во сорабока со со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе се набави ново противпожарно возило.

Според Дамчески, во првата половина од оваа година е и најголемата инвестиција во Крушево. – Во првата половина од 2017 година во индустриската зона „Опаленик“ ќе почне со изградбата на индистрискиот капацитет за откуп и преработка на тутун на тутунската компанија „Секе“ од Грција, рече Дамчески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top