| четврток, 6 декември 2018 |

Какви газди, таков синдикат: Дипломатскиот парасиндикат на СДСМ/Сорос нема поим што пишува во Уставот

Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) предводен од сопругот на познатиот соросоид Мирјана Најчевска испрати отворено писмо до заменик-министерот за надворешни работи Илија Исајловски, во кое служејќи се со измислени аргументи пласирани од „Бихаќка“ го обвинуваат министерот Никола Попоски за т.н. „лажно претставување како шеф на дипломатијата“.

Сепак, вистината е подалеку од тврдењата на СМДС на Најчевски.

Во согласност со Дописот од Собранието на Република Македонија број 08-13/2 од 4 јануари 2016 година упатен до Владата на Република Македонија, Никола Попоски ја извршува својата министерска функција сѐ до изборот на новата Влада.

nikola poposki

Праксата актуелниот министер да продолжи да ја врши функцијата до избор на нова влада, иако бил избран како народен пратеник, е стара колку што е стара и независна Македонија. Досега имало неброено многу примери во кои министер или премиер избран како пратеник на парламентарни избори продолжува да ја врши функцијата, што е во согласност со членот 93, став 5 од Уставот на Република Македонија, кој вели дека „постоечката влада на Република Македонија останува на должност до изборот на нова влада, како и надлежностите и ингеренциите на претседателот на владата и министрите кои се избрани за пратеници во Собранието на Република Македонија“.

Затоа, во овој случај не се работи за никаков скандал, освен кога на СДСМ му требаат какви било теми за да ја дефокусира јавноста од поразот на изборите, со што сѐ уште не може да се помири. Секогаш кога СДСМ сака да дефокусира на сцена стапуваат ваквите квазисиндикати и организации водени од пајташи на СДСМ/Сорос.

Овој таканаречен синдикат и порано служел како приврзок на СДСМ и бил користен во кампањата на опозицијата, со цел да ги пренесува измислиците на СДСМ кои дури и на СДСМ им е срам да ги потпишуваат со свој потпис.

Во такви моменти кога и на СДСМ му е срам од себе и сопствените измислици, СДСМ користи вакви „презервативни“ синдикати, невладини или помали партии, кои потоа и го јадат сиот срам за неточните тези и бесмислиците со кои излегуваат во јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top