| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ја нанижа и Русија и си обезбеди прво место во групата А

francija rakomet

Во последниот натпревар од 4. коло во групата А на СП во ракомет, Силата на актиепниот светски шампион и домаќин на овој мундијал репрезентацијата на Франција ја почувствува и Русија. Избраниците на селекторот Динар без многу проблеми ја совладаа Русија со 35-24 и ја забележаа четвртата победа, по која го осигураа првото место.

По почетните 1-1 „триколорите“ во продолжението со голот на Дипанда поведоа со 2-1, водство кое го оддржуваа и зголемуваа за солидни +5 (11-16) по првото полувреме. И по одморот француските ракометари продолжија со блескавата игра, а по голот на Мане во 49. минута имаа највисоки +9 (21-30). До крајот на мечот во листата на стрелци се запишаа и резервистите на Франција и покажаа дека оваа земја има одлична ракометна иднина.

Најефикасен во високата победа беше Адриен Дипанда со 9 гола, Мане запиша 7, а Ремили дополни со 5 погодоци. Во поразениот тим најефикасен беше вардарецот Шишкарев со 5 гола, доека Тимур Дибиров не успеа да се запиши во листата на стрелците.

Репрезентацијата на Франција е една од можните противници за нашите ракометари во осминафиналето, доколку завршиме како четвртопласирани во групата.

island rakomet

Репрезентацијата на Исланд во дуелот со Ангола со половина сили во Групата Б ја забележа и првата победа на Светското првенство (33-19).

Со голем ензузијазам ракометарите на Ангола го дочекаа дуелот против „ранетиот“ Исланд. Во првите 10 минути се играше со многу енергија и изедначеност. Потоа играта во одбрана на момците на Геир Свеисон ја направи разликата и со серија 6-1, Исланд се одлепи. До полувремето ветеранот Сигурдсон постигна дури 8 гола за огромни 8-16 на полувреме.

Во второто полувреме Ангола заигра поангажирано особено во одбраната не дозволи резултатски дебакл до крајот на мечот. Сепак Исланд е далеку поквалитетна репрезентација и рутинска игра стигна до сигурна и висока победа.

Во исландската репрезентација се истакна Гудјон Валур Сигурдсон, кој мечот го заврши со 8 гола, а Елисон даде 6. Кај Ангола најистакнат поединец беше Лопес со 8 гола. Овој Исланд не одушеви и веројатно в четврток нашите ракометари не треба со голема почит да влезат во дуелот со Скандинавците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top