Две непознати маскирани лица ноќеска околу 02:50 часот ја ограбиле бенизнската пумпа на „Макпетрол“ во струмичкото село Муртино.
МВР информира дека двајцата маскирани физички нападнале еден вработен и му одзеле околу 60.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот. СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.