Државјани на Босна и Херцеговина организирано заминуваат во света војна во Сирија каде што им се приклучуваат на терористичките организации блиски на Ал Каеда и се борат против режимот на претседателот Башар Ал Асад, пишуваат босанските медиуми.
Заминувањето на доброволците е организирано од водачот на салафистичката заедница во Горна Маоча, Нусрет Имамовиќ и други посредници како сирискиот студент Џевад Голош.
Според информациите на сараевските медиуми, на боиштето во Сирија има вкупно 52 припадници на салафистичкото движење во БиХ и таму главно се приклучуваат на терористичката организација Ен Нусра, блиска до Ал Каеда. Добороволците се собирале во градот Антакија во Турција, а потоа организирано заминувале до турско-сириската граница. Во Сирија илегално влегувале на преминот Баб ел Хава, а потоа заминувале во местото Сармада во Сирија каде се вршела верска обука за следбениците на Слободната сириска војска.
Имамовиќ веќе неколку месеци интензивно собирал пари за џихадистите во Сирија. Донациите ги добивал од Јордан и Египет преку Виена.
Државната агенција за истрага и заштита во БиХ (СИПА) сослушала осум луѓе поврзани со организраното заминување на државјани на БиХ на боиштата во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



