| четврток, 6 декември 2018 |

Девојката на принцот Хари во центар на скандал: Семејна драма ѝ го загорчи животот!

hari
Полубратот на актерката Меган Маркл, девојката на британскиот принц Хари, го уапсиле бидејќи пијан во кавга со неговата девојка ѝ се заканувал со пиштол. Актерката не е во добри односи со нејзиниот полубрат.

Томас Маркл (50) на партнерката Дарлин Блаунт ѝ вперил пиштол во главата. Таа едвај побегнала во тоалет и повикала полиција.
Томас се извлекол од притвор бидејќи поранешната сопруга ја платила неговата кауција од 1.500 долари. Маркл и Дарлин биле во врска два месеци, а се расправале во американската држава Орегон.

Меган Маркл (35) наводно е во шок бидејќи такви скандали можат да ѝ ја загорчат врската со принцот Хари (32), помладиот брат на британскиот престолонаследник Вилијам.
Тие се заедно повеќе од шест месеци, иако бабата на Хари, кралицата Елизабета (90) многу се противела Хари во палатата да ја донесе канадската актерка од проблематично семејство која зад себе има пропаднат брак.
Хари сè уште не се огласил, но се знае дека парот планира заедно да оди на скијање, а потоа повторно ќе го посетат кралското семејство во Англија. Кралицата, наводно, повеќе ги сакала неговите поранешни девојки Кресида Бонас (27) и Челси Дејви (31) иако не биле од благородничко семејство.

Со Дејви раскинал после седум години врска бидејќи не сакал брак, а со Кресида во 2015 година. Хари е популарен меѓу Британците, па многумина го бранат неговиот избор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top