| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен напаѓачот што го изврши новогодишниот масакр во Истанбул

Istanbul-napad1

Полицијата го фатила осомничениот убиец на 39 луѓе во ноќниот клуб за време на новогодишната прослава во Истанбул, јавија турските медиуми.

Приватната агенција Доган и други медиуми објавија дека осомничениот е фатен во полициска операција во истанбулската населба Есенјурт, доцна попладнето во понеделник.

Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде ИД, но е замешана и една разузнавачка агенција, соопшти денеска заменик-премиерот на Турција Нуман Куртулмус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top