Денеска е урнат познатиот истанбулски ноќен клуб „Реина“, во кој во напад на Исламска држава, на Нова година, загинаа 39 лица, информира весникот „Хуриет“.
Извор близок до клубот изрази изненадување од уривањето.
– И за нас ова е неочекувана ситуација. Уривањето на клубот траеше речиси 45 минути – изјави изворот.
Во нападот во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“, на 1 јануари, беа убиени 39 лица, главно туристи од арапските земји. Одговорноста за овој напад ја презеде Исламска држава, а полицијата на 16 јануари го приведе осомничениот извршител на нападот – Абдулгадир Машарипов, државјанин на Узбекистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.