По смртта на најзиниот татко, Кралот Џорџ VI во февруари 1952 година, принцезата Елизабета стана кралица на 25-годишна возраст. Елизабета II сега има 90 години, што значи дека владее на тронот цели 64 години, што ја прави монарх кој најдолго владеел во светот, а е се уште жива!
Сте се запрашале што ќе се случи откако кралицата Елизабета II ќе почине? Кралскиот биограф Пени Џурор го има одговорот – пред се’ тоа ќе биде многу трауматично искуство за Британија! „Кралицата Елизабета II е неверојатно популарна, таа е најпопуларната личност и институција во цела Британија. Со оглед на тоа колку долго владее, огромен број луѓе не познаваат свет без Кралицата во него”, вели Пени.
Доверливи извори во Бакингемската Палата известуваат дека кралскиот двор е веќе подготвен за целата процедура околу спектакуларниот погреб на Кралицата Елизабета II, а шифрата под која се одвиваат тајните подготовки се вика “Мост”. Ќе биде прогласена 12-дневна жалост, забавните шоуа на телевизија ќе бидат во прекин, а огромна река на луѓе ќе допатува да оддаде последен поздрав.
Најстариот син на Кралицата, Принцот Чарлс, веднаш ќе стане крал, а националната химна ќе биде изменета – наместо познатата реченица “Господ да ја спаси Кралицата”, ќе стои “Господ да го спаси Кралот”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.