Др. Јованка Костовска објаснува дека вакцината не е укината туку измената е како резултат на поливалентните вакцини.
-Со вовед на поливалентни вакцини ди-те-пер во рамки на поливалентни вакцини беше ди-те-пер ацелурална или вакцина која дава помалку несакани реакции. На 4 години ни остана ди-те-пер целурална или вакцина која што родителите не многу ја сакаа бидејќи давала несакани реакции кај децата и бараа и за оваа возраст да има ацелурална. Како сама ацелурална вакцна не можеше да се најде никаде бидејќи секаде ја има како комбинирана ди-те-пер ацелурална со инактивна полио. Бидејќи во европски рамки околу 30-на држави ди-те-пер вакцината наместо на 4 ја даваат на 6-7 години комбинирана со инактивна полио, а второ СЗО вели дека треба да почнеме со имплементација наместо со орална полио вакцина со инактивна полио вакцина. Затоа одлучивме наместо на 4 години ди-те-пер децата да ја примаат на 6 години како комбинирана ди-те-пер ацелурална со инактвина полио вакцина – вели Костовска.
На овој начин, објаснува, ќе има помалку несакани реакции кај децата а се почитува и препораката на СЗО.
-Сите деца што до декември примиле ди-те-пер вакцина на 4 годишна возраст по стариот календар си продолжуваат со сите вакцини на 6-7 години. А сите деца кои што оваа 2017 година прават 4 години и кои што нема да ја примат ди-те-пер вакцината кога ќе бидат на 6 години во 2019 година ќе си ја примат пак ди-те-пер како комбинирана ди-те-пер ацелурална комбинирана со инактивна полио – појасни таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.