| четврток, 6 декември 2018 |

Фонд за здраство: На повеќе од половина пациенти одобрено лекување во странство

doktori

Од вкупно 93 барања за лекување во странство доставени до Фондот за здравствено осигурување на Македонија, 47 се позитивно решени, 33 негативно, а за 13 постапката е во тек.

– Од овие 33 негативни барања, 31 негативно решение е донесено токму поради тоа што бараната интервенција може да се изврши во Република Македонија, а само две се од формални причини, односно не е запазена постапката или документацијата, а странката во определен период не ја уредила – рече Јован Грковски, директор на ФЗОМ на средбата со новинарите.

Досега за таа намена се потрошени 50.125.910 денари, а во однос на истиот период лани има зголемување за 27 проценти.

– На лекување во странство навистина се испраќаат сложени и комплицирани случаи кои  реално  не можат да се извршат во Република Македонија, а се многу ретки за како здравствен систем да размислуваме да инвестираме во кадар и во опрема за нивна реализација – вели Грковски, според кого откако биле склучени договори со приватните здравствени организации, кај голем број пациенти лекувањето било извршено во Македонија.

Годинава при упатување за лекување во странство осигуреникот плаќа партиципација или учество во висина од 20 проценти, но не повеќе од 200 евра. За тоа досега биле потрошени 230 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top