| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре семејна куќа во Штип

Во пожар на улица „Мирче Ацев“ во Штип вчера изгоре семејна куќа, а по интервенција на Територијалната противпожарна единица пожарот е изгаснат и нема повредени лица, но уништена е целата покуќнина.

Како што се наведува во соопштението на МВР, пожарот настанал во 04:00 часот во куќа во сопственост на Ѓ.Д. (40), најверојатно поради неправилно изведена електрична инсталација.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top