Пред само два дена актерите Џони Деп и Амбер Херд официјално се разведоа. Веќе денеска светските медиуми пишуваат за новата врска на актерката.
Убавата Амбер наводно е во врска со американскиот бизнисмен Илон Маск.
– Амбер е пресреќна поради тоа што разводот е готов, а уште посреќна е поради тоа што може јавно да ја официјализира врската со Илин. Во текот на празниците зборувала со пријателите колку тој ѝ се допаѓа. Веќе има нови планови и ѝ олесни што може да продолжи со животот – рекол извор за „Мирор“.
Како што се наведува, Илин подолго време се обидувал да дојде до убавата актерка, дури успеал да договори состанот на кој таа не се појавила. Сепак, тој не се откажувал и без оглед на тоа што Амбер се уште била во брак, се обидел да стапи во контакт со неа. „Дејли мејл“ пишува дека Амбер Херд е обземена од милијардерот.
Изгледа дека трудот конечно му се исплати. Богатството на бизнисменот се проценува на 11 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.