По поразот на „Гудисон парк“ кај Евертон, екипата на Манчестер Сити продолжи со лошите резултати и сега заостанува цели десет бода зад лидерот во Премиер лигата, Челзи. Сепак, Пеп Гвардиола не сака да каже крај на трката на титулата и по натпреварот рече дека има уште многу да се игра:
– Првата позиција е десет бода пред нас, додека зад третото место заостануваме само три бода. Трката за титулата не е завршена, има уште многу да се игра. Денешниот натпревар мора побрзо да го заборавиме и да се фокусираме на следниот. Лесно е да се обвини само голманот за примените голови, но тоа е работа на цела екипа. Првпат во мојата кариера примам толку многу голови и морам да ја најдам причината за тоа. Кога чувствуваме дека правиме добра работа во нападот, одбраната лесно си ја завршува работата – рече Шпанецот.
„Граѓаните“ се наоѓаат во лоша форма, во која од последните осум натпревари во Премиер лигата, загубија на четири. Ваквите резултати им дозволија на Челзи и Антонио Конте да ја изградат големата бодовна разлика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.