Пејачот Саша Ковачевиќ неодамна во едно интервју за српските медиуми открил дека искрено посакува наскоро да се оствари како татко и потенцирал дека многу сака деца.
– Отсекогаш сум го посакувал тоа. Можев да бидам татко и пред десет години, спремен сум како пушка за такво нешто и знам дека би бил супер татко. Многу сакам деца, голем дел од моите пријатели имаат деца и јас со нив супер функционирам и имаме неверојатен однос, рекол пејачот кој не сакал да го коментира раскинувањето на врската со девојка му Јована со која беа заедно четири години.
– Не сакам да коментирам ништо за Јована. Приватниот живот сакам да го задржам за себе и се надевам дека јавноста ќе има разбирање за тоа”, додал згодниот пејач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.