| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ја мина и Норвешка, Катар славеше во азиското дерби

francija

Франција е на добар чекор да го осигура првото место во групата А откако славеше во дербито против Норвешка со резултат 31-28. „Триколорите“ водеа од првата до последната минута, целосно го диктираа темпото на игра и заслужено славеа, одмаздувајќи му се на ривалот што ги елиминираше на последното Европско Првенство во Полска. Предноста на неколку минути до крајот изнесуваше пет гола, но потоа следеа неколку исклучувања на „кариоките“, па Норвешка ја намали разликата на конечни три гола.

Карабатиќ, Мае и Ремили беа најефикасни со по пет гола за светските шампиони, кои доколку го освојат првото место во групата би се сретнале со четвртопласираната селекција од нашата група во осминафиналето.

katar

До првата победа на Светското првенство во рамките од групата Д стигна и актуелниот вицепрвак Катар, кој во азиското дерби на убедлив начин славеше над Бахреин со резултат од 22-32. Катарците бесот по поразот од Египет го истурија над соседите, кои буквално беа демолирани со десет гола разлика. Ахмед Мадади со 8 гола беше прво име во победничката селекција, во чии редови 6 погодоци даде Маласи. Во редовите на Бахраин со 5 гола најефикасен беше Абдулкадир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top