„Етничка Албанија„ и УЧК, УЧК“ се дел од извиците кои ги користат членовите на навивачката група на тетовска Шкендија а „шиптарски п…“ извикуваа навивачите на Тетекс за време на натпреварот кој требаше да го даде победникот на националниот Куп.
На почетокот на натпреварот навивачите на Шкендија ја исвиркаа и државната химна.
Судијата Ставрев во финалето на Купот одлучи да ги почитува препораките и правилата на УЕФА кои најстрого забрануваат националистички пораки на фудбалските стадиони.
Извиците со кои се бара голема Албанија и други навреди од навивачите се редовна кореографија на сите спортски настани каде што се соочуваат не само тимови од различна етничка припадност туку и меѓу екипи кои што се од ист ентитет.
Фудбалската федерација и судијата Ставрев вечерва инсистира финалето да се одигра во фер и коректна атмосфера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


