| четврток, 6 декември 2018 |

Публиката доби жолт картон финалето на купот продолжи

Десетина минути траеше прекинот на финалето на купот на Македонија во фудбал кое беше прекинато од судиите поради националистички извици на трибините на арената Филип Втори во Скопје.

Мечот продолжи откако капитените на Тетекс и Шкендија Усеини и Боби Божиновски од публиката побараа да се однесува спортски и да не користи националистички извици во бодрењето на својот клуб.

Од  трибините сеуште се слушаат националистички извици но мечот засега продолжува без голови и поголеми шанси за гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top