Во антитерористичка акција на белгиската полиција во бриселската населба Моленбек се приведени три лица, поради сомнеж за поврзаност со терористички групи, соопшти синоќа Јавното обвинителство на Белгија. Акцијата беше спроведена во рамки на истрага што ја води Обвинителството во Брисел. При претресите на неколку објекти не е пронајдено ништо, но на сослушување се приведени три лица, соопшти претставник на Обвинителството.
За време на операцијата целосно бил блокиран реонот во кој таа била спроведена. Населбата Моленбек стана позната за поширокта јавност, како место на живеење на исламските терористи кои ги извршија нападите во Париз во ноември 2015 година, при што беа убиени 130 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)