| четврток, 6 декември 2018 |

Блондинка удрила велосипедист и побегнала, а потоа се „пофалила“ на Твитер

21 годишната Ема Веј од Британија добила повик од полицијата да се пријави сама во полициска станица за предизвикување сообраќајна несреќа откако се пофалила на социјалната мрежа Твитер дека удрила велосипедист со автомобилот, па дури и се шегувала на сметка на несреќниот човек.

Ema-Vej-udarila-biciklistu-pa-se-pohvalila-na-Tviteru

Девојката на Твитер профилот @emmaway20, кој во моментот е изгаснат напишала:

-Соборив велосипедист. Имам право на првенство. Тој и така не плаќа ни данок на користење на патиштата!

Да не ја направеше глупоста со објавување на настанот на Твитер најверојатно случајот ќе останел тајна затоа што повредениот Тоби Хокли немал намера да го пријави. 29 годишниот кувар од Норич рекол дека се спасил само благодарение на чудо.

Ema-Vej-udarila-biciklistu-pa-se-pohvalila-na-Tviteru-2

Потегот на приправничката во сметководствена фирма предизвикал бура од реакции а некои од луѓето што го прочитале нејзиниот пост пријавил во полиција по што била покрената истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top