Земјоделците во Грција сооопштија дека на 23 јануари ќе почнат со протести, што значи дека се очекуваат блокади на патиштата, вклучувајќи ги и граничните премини, јави дописникот на МИА од Атина.
Уште во декември минатата година повеќе од 180 земјоделци се собраа во градот Лариса и одлучија во јануари да организираат блокади низ целата земја. Една недела претходно, земјоделците планираат да излезат на плоштадите во селата и да организираат блокади, кои на 23 јануари ќе прераснат во масовни. Фармерите велат дека нивните барања не се променети и оти тие се против даночните реформи и инсистираат на стабилност и безбедност во секторот.
На почетокот од минатата година грчките земјоделци ги блокираа патиштата во Грција, со што се создаде голем застој во транспортот низ целата земја, а на грчките гранични премини останаа заглавени огромен број камиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.