| четврток, 6 декември 2018 |

Лина загуби, но нѐ направи горди Македонци

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира на главниот турнир Австралија Опен откако во третото квалификациско коло загуби од првата носителка на квалификациите, Швајцарката Стефани Вогел.

Ѓорческа 206. место на ВТА листата загуби во три сета од 6-4,3-6,2-6, против швајцарската тенисерка која е на 114. рангирана.

Пласманот до третото квалификациско коло на еден Грендслем турнир е најголем досега успех на Лина Ѓорческа, но и македонскиот тенис воопшто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top