Некогашната „мис тинејџерка“ на Италија и ТВ водителка Џесика Нотаро била нападната, ослепена и унаказена од своето поранешно момче Џорге Таварес (29), кој ја испрскал со киселина, пишува „Сан“.
Дваесет и осумгодишната убавица се здобила со тешки повреди во пределот на лицето, нозете и колковите. Се наоѓа во стабилна но тешка состојба. Лекарите стравуваат дека очите можеби и се трајно оштетени.
Полицијата веднаш го привела Таварес, кој и претходно бил пријавуван од својата поранешна пријателка заради вознемирување. Во тие моменти, тој тврдел дека има алиби.
Џесика во 2005 ја освои титулата „мис тинејџерка“, а подоцна тоа и помогна да се вработи како шоу водителка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.