Времето претпладне во Македонија ќе биде облачно. Врнежи од дожд ќе има во западните и северните делови, а на планините ќе врне снег со што снежната покривка ќе се зголеми за нови 10 до 20 сантиметри.
Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од нула до девет степени.
Во Скопската котлина се очекува врнежите да бидат претежно од дожд, а наместа во Скопската котлина, но и понекаде во другите котлини ќе има услови за појава на замрзнат дожд, а на осојните места и краткотрајно замрзнување на тлото. Во текот на попладневните часови врнежите ќе престануваат. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до четири степени.
Во недела ќе има преодно стабилизирање на времето, а од понеделник под влијание на нов влажен бран ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Од средината на неделата на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд. Во овој период дневните температури се очекува да бидат во интервал од минус три до четири степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.