| четврток, 6 декември 2018 |

Поради оваа фотографија сакаат да ја убијат

Фотографијата на жена во Ријад без абаја и хиџаб на социјалните мрежи испровоцира негативни коментари на корисниците.

Студентката Сара Ахмед (21) сподели „твит“ со фотографија на жена по име Малак Ал Шехри на која таа носи темносино палто, шарено здолниште и чизми.

„Убијте ја и фрлете го нејзиното тело на кучињата“, напишал еден корисник на социјалната мрежа, додека друг твитнал „сакаме крв“. Другите корисници застанале на моралното осудување на Малак ал Шехри.

Сара Ахмед подоцна објаснила дека Малак ал Шехри на својот профил на Твитер, кој подоцна го избришала, на своите пријатели им порачала дека ќе оди на појадок без абаја и хиџаб. Нејзините следбеници на Твитер барале да ја објави фотографијата што таа тоа и го направила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top