Фановите на „Инстаграм“ треба да внимаваат – хакерите сега можат да користат биометриски софтвер за откривање на отпечатоците од вашите „селфиња“, пишува Нова Македонија.
Професорот Исао Ечизен, од јапонскиот Национален институт за информатика, вели дека ако фотографијата е снимена од блиску, со фокус и е добро осветлена, можно е за софтверот да ги открие отпечатоци од прсти и сликата да се искористи за да се украде идентитетот на едно лице.
Истражувачите откриле дека најдобри податоци се користат од луѓе кои го покажуваат фотографии знакот за мир со раката. За разлика од лозинките, кои можат да се променат, отпечатоците претставуваат огромен ризик.
– Оставаме биометриски податоци каде и да одиме и на сè што ќе допреме, објавуваме „селфиња“ на социјалните мрежи, и споделуваме видеа со пријателите и семејството. Многу од овие информации, можат да бидат мета на хакерите – вели експертот Роберт Капс.
Откако биометриските податоци се украдени, ризикот од пристап до сметките и идентитетот на корисникот ќе бидат користени преку целиот живот на оштетениот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.