| четврток, 6 декември 2018 |

Нова црна листа на УЈП: Скопјанка не платила данок за 8,5 милиони евра

Управата за јавни приходи ja објави првата листа на должници за оваа година, за долгови доспеани до 30.09.2016 и неплатени до 31.12.2016 година

zena

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, чиј вкупен износ е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и над 300.000 денари за правни лица.

И на оваа листа што ја објави УЈП има голем број фирми што ги имаше на претходните, потоа, државни и јавни претпријатија на локалните самоуправи, како и помали фирми.

Меѓу физичките лица најголем должник е Бајруш Сејдиу, поранешен сопственик на тутунскиот комбинат од Куманово. Тој на државата и должи околу 1,8 милиони евра за персонален данок на доход. Ако се има предвид дека данокот е 10 проценти од основицата, тоа значи дека на државата и останал должен за заработка од неверојатни 18 милиони евра.

За неплатен персоналец на таканаречената листа на срамот се најде и 47- годишна жена од Скопје. Таа направила долг од 850 илјади евра, што значи дека заработила близу 8,5 милиони евра.

Целата листа на должници е тука

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top