| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието го промени Уставот, Ердоган добива апсолутна моќ

ANKARA, TURKEY - JULY 17: People wait Turkish President Recep Tayyip Erdogan (not seen) at Kizilay square as they gather to protest the "Parallel State/Gulenist Terrorist Organization"s failed military coup attempt in Ankara, Turkey on July 17, 2016. Parallel state is an illegal organization backed by U.S.-based preacher Fetullah Gulen. (Photo by Evrim Aydin/Anadolu Agency/Getty Images)

Турското Големо народно собрание во текот на минатата ноќ ги одбри клучните амандмани на Уставот, со кои на претседателот на државата му се овозможува да владее по пат на декерти и да биде член на политичка партија.

Со ова, како што оценуваат аналиитчарите во Анкара, Турција направи чекор напред кон замена на сегашниот парламентарен со претседателски систем, со што и правно ќе биде регулирана зајакнатата извршна власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Благодарение на поддршката на десничарската Партија на националистичката акција (МХП), владејачката исламистичко-конзервативна Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган успеа да обебзеди мнозинство во Парламентот за усвојување на уставните реформи.

turski parlament

Амандманите кои беа усвоени минатата ноќ ја регулираат контролната улога на Парламентот врз извршната власт, дозволуваат шефот на државата да биде член на политичка партија и да извршува функции во неа и ги утврдуваат зголемните извршни надлежносити на шефот на државата, вклучително и неговото право да управува по пат на декрети.

Целиот пакет уставни реформи се состои од 18 амандмани, кои по пооделното одобрување, треба да бидат изгласани од страна на Парламентот и во целина, по што за промените треба да се изјаснат и граѓаните на референдум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top