| четврток, 6 декември 2018 |

Димитар Андоновски и официјално нов член на „Тајфата“

Можеби го немаше долго време, но еден од најдобрите вокали на нашата естрада Димитар Андоновски повторно се враќа онаму каде што припаѓа. Од пред неколку дена битолчанецот Димитар е новото засилување на групата „Тајфата“, во која до пред некое време член беше и виолинистот Коки Јанков. Поточно Андоновски е новиот вокал на бендот кој полека, но сигурно се препознава по неговата оргиналност и впечатливост.

– Пред сѐ прифатив бидејќи момците од „Тајфата“ се вистински професионални кои си ја знаат работата и сите се со долгогодишно музичко искуство. Токму поради тоа сметам дека сите заедно сме една добра комбинација која ветува многу. Веќе почнуваме и со работа на студиски материјал кој наскоро ќе биде промовиран пред јавноста – вели Андоновски.

И останатите членови од бендот не го кријат задоволството што добија исклучителен вокал.

– Сигурни сме дека публиката ќе биде задоволна од она што планираме да го презентираме допрва – накратко ни изјавија момците од бендот.

Инаку, Димитар и „Тајфата“ веќе имаат закажано повеќе настапи низ земјава, а во скоро време ќе го слушнеме и нивното прво музичко остварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top