| четврток, 6 декември 2018 |

Децата кои ги чуваат бабите и дедовците се пољубезни и попаметни тинејџери

Според многу родители бабите и дедовците се главните „виновници“ зошто нивните деца се разгалени.

Сепак, едно истражување од универзитетот „Јанг“ во САД покажало мошне интересен резултат токму кога е во прашање улогата на бабите и дедовците во воспитувањето на децата.

Научниците го следеле развојот на 400 деца од училишна возраст меѓу 10 и 14 години. Темата била каков е нивниот однос со бабите и дедовците.

Една година подоцна, истите ученици повторно биле испитувани, но овој пат списокот на прашања бил проширен.

Одговорите кои ги добиле покажале дека блискиот однос со бабите и дедовците има позитивен ефект врз однесувањето на децата, правејќи ги многу погрижливи и повнимателни кон другите.

Од друга страна, децата во чие воспитување не учествувале бабите и дедовците биле значително по нељубезни и безобѕирни.

извор: Црнобело

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top