Грипот е популалрна болест. Минатата година донесе резултати од некои нови истражувања со што се смени мислењето за грипот. Иако сигурно многупати во животот ви кажале дека имате грип, во поголем број случаи тоа не било така. Само еднаш во десет години може да се разболите од грип. Отприлика, тоа е четири го пет пати во животот. Останатото се болести кои наликуваат на грип.
Според лекарите, приказната за грип е малку „напумпана“ и сите ние мора да преживееме одреден број инфекции во животот, но само во ретки случаи станува збор за вистински грип.
Вирусите имаат еден вид обвивка која ги штити во текот на зимата, но и на степени под нулата може да живеат и до половина час. На лето, опстануваат и по 10 часа.
– Ако некој се накашла и го земе весникот, а потоа вие го земете во следните 10 часа, може да се разболете – објаснуваат лекарите.
Според нив, најдобри во борбата против вирусите се сој од црна рибизла, сето црвено овошје и превентивна употреба на цинк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.