Како порнографијата влијае на нашиот мозок се уште е тема за дебата. Постои широко распострането мислење дека гледањето на таканаречениот идеален инсцениран секс, секако, не може да биде добро за врската и за бракот.
Група студии од осумдесетите години која ја спровел професорот Даглас Кендрик наведува дека постојано гледање на голи, привлечни луѓе ги предизвикува мажите да чувстуваат помалку љубов и привлечност спрема сопствената партнерка. Интересно, кај жените не е ист случајот.
Но, новото истражување на докторката Ронда Балзарини од Универзитетот во Западен Охајо наведува дека овие заклучоци не се точни.
Во нејзината студија учестувале 10 пати повеќе луѓе, а резултатите покажуваат нешто сосема друго: порнографијата нема влијание на промена на чувствата кај мажите.
– Не пронајдовме поддршка во претходно спроведената студија, дека гледање порнографија влијае на намалување на привлечноста и љубовта кон партнерките кај мажите – се вели во студијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.