| четврток, 6 декември 2018 |

Замрзнаа Габровските и Колешинските Водопади

Ледена планинска идила деновиве може да се доживее на Габровските и на Колешинските Водопади, на планината Беласица, близу Струмица. Водопадите се целосно оковани во мраз, појава што ретко се случува, само во период на екстремно ниски температури како што е деновиве.

11012017150416_main_gabrovski_vodopadi

– Целосно се замрзнати и двата водопада, кои се во непосредна близина, а водата истекува под мразот. Само преку ден, кога има зимско сонце, може да се забележи како водата истекува низ мразот, низ пукнатините – велат жители на селото Габрово, пренесува „Нова Македонија“.
Габровските Водопади, кои се од каскаден тип и имаат дури три каскади, замрзнаа и лани, кога во јануари температурите паднаа на минус 15 степени. Но тоа беше краток период, по што мразот се стопи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top