Од година во година расте бројот на странски туристи во земјава. Македонија стана позната туристичка дестинација. Голем дел како резултат на владините субвенции за тур операторите, но и промоциите на земјава во познати светски магазини и ТВ станици.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2016 година изнесува 69 412. Бројот на туристите во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 12.6 проценти. Бројот на домашните туристи во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 12.3 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.8 посто.
Во периодот јануари – октомври 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.0 проценти и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.3 посто, а кај странските има зголемување за 4.8 посто.
Најбројни се туристите од Турција, Грција, Германија, Србија, Италија, Бугарија. Скопје е едно од најпосетуваните места за странските туристи, а според надлежните, она што ги привлекува се многуте знаменитости и специфичности на градот. Старата скопска чаршија, Матка, Кале, Милениумскиот крст, реконструираниот плоштад Македонија, новите театри, плоштадот ВМРО, Филип Втори се најчесто посетувани и најатрактивни за странските туристи.
Бројот на туристи во изминатите години се зголемува и како резултат на евтините авиолинии, но и останатите инвестиции во авиосообраќајот. Според последните податоци, на македонските аеродроми менаџирани од „ТАВ“ во 2016 минале 1.8 милиони патници
Вкупно 1.794.376 патници патувале преку двата македонски аеродрома во 2016, што е зголемување од 15 проценти споредено со 2015 година, кога имало 1.560.381 патник. Најфреквентниот ден на скопскиот аеродром во 2016 година бил 12. август, кога преку скопскиот аеродром патувале 5.641 патник.
Извор: ТВ Нова
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.