| четврток, 6 декември 2018 |

Четири години „Република“ – што клика нашата публика?

Почнавме како мал тим, но со голем ентузијазам. 11 јануари 2013 година беше моментот кога неделникот „Република“  ја доби својата вирална форма – republika.mk. Сајт кој веќе 4 години не ни дава тој ентузијам да спласне.

Во овие четири години светот се соочи со многу предизвици, а ние бевме тука за да ве информираме, да ја пренесеме секоја страна. Ни за момент не се поколебавме што зад нас оставаме непроспиени ноќи, ако тоа значи информациите да ви ги пренесеме најбргу што може.

Желбата да бидеме први, точни, оригинални, забавни, критички настроени, не престанува – напротив. Секој ваш клик, секоја порака, секој коментар, само нѐ мотивираат да продолжиме понатаму. И вашите критики се наш мотив. Секоја ваша забелешка е причина нешто да промениме, да размислиме, да делуваме…

А, вие, драга публика на нашата „Република“, во овие четири години покажавте дека има за кого да твориме.

Тимот на „Република“ е секогаш со вас. Во овие четири години доаѓаа нови имиња, некои си заминаа барајќи нови предизвици. И денеска „Република“ има тим од искусните новинари, фотографи, сниматели… Биба, Нено, Кате, Сани, Наум, Нена, Марина, Александрија, Горан, Кики, Бојан, Саше, Црни како и нашите колеги од албанската и англиската редакција, маркетинг-службата, техничарите, лекторите, менаџментот… Сите ние сме бескрајно благодарни што верувате во нас и ни давате причина повеќе да се радуваме на следниот, јубилеен роденден.

republika

Бројките на читаност растат со секоја помината година. Интересите, пак, се менуваат. Во годинава што измина, политичката криза и изборите, сепак, не можеа да го надминат интересот за забавните вести.

 Ова се петте најчитани наслови од 1 јануари до 31 декември 2016 година на „Република“:

Информацијата за наводното домашно видео од Цеца и Александар, досега е прочитана 90.470 пати.

Ни втората најчитана вест за 2016 година не е поврзана со политичките случувања. Напротив, со 52.524 прегледи, „среброто“ оди за веста за македонската пејачка Анета од групата „Молика“.

Зетот на специјалната обвинителка им го привлече вниманието на нашите читатели. Веста дека Катица Јанева се посвати со висок функционер на СДСМ беше прочитана повеќе од 50 илјади пати.

Секоја вест околу убиството на српската пејачка Јелена рушеше рекорди, но меѓу нив со 48 илјади прегледи најчитана беше оваа вест.

Во 2016 година не напуштија многу познати лица од светот, но и од Балканот. Веста за испраќањето на Маринко Маџгаљ на вечната починка беше прочитана 43.300 пати.

 Ова се петте најчитани наслови од 1 јануари до 31 декември 2015 година на „Република“:

Дунавка Трифуновска беше откритието на 2015 година. Нејзиниот „удар“ кон Игор Џамбазов и легендарната изјава: Јас сум мис во Кралството Тајланд, а ти ништо во с.Слепче, беше прочитано повеќе од 70 илјади пати.

Нова закана во регионот: видите ли евра на шофершајбна на автомобилот веднаш бегајте“ е вест која и ден денес ги интригира нашите читатели. Во 2015 година, веста допре до 56,413 читатели.

Скандалот со дадилката која го малтретираше деветмесечниот Даријан, беше една од главните приказни кои ја обележаа таа година. Веста со видеото од малтретирањето беше прегледана 50 илјади пати.

Интересот за познатите Македонци никогаш не умира, а посебно внимание добија и најзгодните деца на познатите, кои само таа година добија 45 илјади кликови.

Со повеќе од 40 илјади посети, веста за новиот тренд на македонските свадби, беше една од најчитаните вести. „Подарок во плик – хит на македонските свадби што ги револтира гостите“ може да ја прочитате тука.

 Ова се петте најчитани наслови од 1 јануари до 31 декември 2014 година на „Република“:

Календарот на „Пелистерка“ за 2015 година е нешто за што се зборува и ден денес. Фотогалеријата од „Дванаесет месеци – дванаесет разголени фотографии од Тамара, Аделина и Марјана“ беше прегледана повеќе од 63 илјади пати.

Шегата на Тони Михајловски кон Нина Јанева, во нејзиното гостување во „Опуштено“, доби 44.130 кликови. Разговорот остана да живее. Потсетете се тука. 

Паниката која се крена на социјалните мрежи, кога наводно, мало девојче беше киднапирано во „Рамстор“ од страна на двојка од Косово, беше прегледано повеќе од 34 илјади пати во 2014-та.

И „Васко Ефтов ја погреба СДСМ“ беше еден од насловите кои ви  го привлекоа вниманието.

Исто како и текстот за Ефтов, и следната вест беше прочитана 29 илјади пати. Се работи за комичната ситуација во Австралија, кога наместо по крстот на Водици, верниците мораа да скокнат по попот за да го спасат. Потсетете се тука.

 Ова се петте најчитани наслови од 11 јануари до 31 декември 2013 година на „Република“:

Кралското семејство кое 150 години ја убива Македонија“ – ова беше наслов од неделникот „Република“, кој неприкосновано го освои вашето внимание во нашата прва година од постоењето.

Меѓу најчитаните беше и руската прогноза за Европа 2035 во која Голема Албанија има дел од Македонија, а Босна нема да постои…

Екслузивните фотографии од Германија, кога Јохан Тарчуловски беше пуштен од затвор, како и неговото пристигнување во Македонија, исто така, беа интересни за јавноста.

Големо внимание предизвика и веста за сребата на Тарчуловски со Сашо Мијалков во ресторанот „Пелистер“:

Со голем интерес беше следена целата истрага околу несреќата и смртта на новинарот и уредник Никола Младенов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top