Околу 100.000 денари се украдени од казино во Битола, лоцирано на улицата „Климент Охридски“.
Кражбата се случила рано утрото, околу 5:15 часот, откако две непознати маскирани и вооружени лица со пушка, извршиле разбојништво над вработената и насилно ги одзеле парите по што го напуштиле местото на настанот- соопштија од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.