| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте – и најздравата храна може да биде нездрава!

%d1%98%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d1%9a%d0%b5
Ако ви се случува да се храните со најздрави намирници, а притоа да се чувствувате се` полошо, можно е проблемот да е во тоа што ги јадете во погрешен момент.

Имено, многу е важно да обрнете внимание на тоа кога, односно за време на кој оброк, јадете некое овошје или зеленчук, бидејќи тоа различно влијае на организмот во одреден период од денот.

На пример, бананите добро е да ги јадете наместо или после ручекот бидејќи тогаш ќе допринесат за убавината на вашата кожа и ќе го зајакнат вашиот имунитет. Меѓутоа, ако ги јадете навечер, можат да ви го нарушат системот за варење и да направат да не спиете добро.

Јаболката треба да ги јадете наутро, бидејќи пектинот кој го содржат тие во тој период од денот го намалува холестеролот и нивото на шеќер во крвта. Навечер пектинот многу тешко се вари и го засилува лачењето на желудочна киселина.

Оризот е намирница која е многу богата со јаглехидрати. Доколку јадете ориз за ручек ќе имате енергија цел ден, но ако одлучите да го вечерате – ќе се здебелите.

Доматите би требало да ги јадете наутро, за појадок, бидејќи тогаш тие го подобруваат варењето и го зајакнуваат метаболизмот. Ако ги јадете за вечера, пектинот и киселината кои се наоѓаат во нив ќе направат да ви се надуе стомакот.

Јаткастото овошје е најдобро да се јаде во периодот околу ручек, бидејќи тоа тогаш го подобрува здравјето на срцето и крвните садови и го намалува ризикот од висок крвен притисок. Меѓутоа, ако го јадете навечер може да се здебелите, бидејќи јаткастото овошје е полно со масти и калории

Црната чоколада не е добра ужина помеѓу оброците, бидејќи го зголемува нивото на масти во организмот. Сепак, ако за време на појадокот изедете малку од овој десерт ќе го намалите ризикот од срцево заболување и ќе го забавите стареењето на организмот.

Јогуртот е одлично да се јаде за вечера бидејќи го забрзува варењето на храната. Токму затоа не е добро да се јаде наутро. Особено ако појадувате само јогурт… Може да ги оштети стомачните влакна

Месото е одлично да се јаде за ручек бидејќи е богато со железо, го намалува уморот и го зајакнува имунитетот. Сепак, навечер ќе ви падне тешко бидејќи може да го оштети дигестивниот тракт кому му треба во просек 4-6 часа за да го свари.

Компирот е одличен избор за појадок, бидејќи неговиот скроб го намалува холестеролот и притоа е богат со минерали. Сепак, за разлика од многу други видови на зеленчук, компирот има многу калории и може да ве здебели ако го јадете навечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top