| четврток, 6 декември 2018 |

Никој не знае колку години има, а тој има добра причина зошто ги крие

kim
Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун ги крие своите вистински години и тајно го прославува својот роденден, соопшти агенцијата „Јонхап“ повикувајќи се на севернокорејскиот дипломат Те Јунг Хо.

Причината поради која севернокорејскиот лидер ги крие своите години од јавноста е за да ги контролира постарите функционери кои би можеле да се посомневаат во неговиот авторитет кога би дознале колкава е неговата вистинска возраст, рекол овој дипломат.

Поради тоа, роденденот на Ким Џонг Ун не се прославува официјално, иако сите знаат дека е на 8 јануари. Се претпоставува, според различни извори, дека Ким Џонг Ун оваа година наполнил 33, 34 или 35 години.
-Доколку се објави точната возраст на Ким, тој би можел да има проблем со функционерите кои се 30 – 40 години постари од него- рекол Те Јунг Хо за весниците.
Ким има апсолутна власт во Северна Кореја, така што не би требало функционерите да се сомневаат во неговата моќ поради неговите години.

Откако ја превзел власта во 2011 година, Ким Џонг Ун има целосна власт во земјата и погубил повеќе од сто воени и државни функционери кои се осмелиле да го критикуваат.
Моменталниот лидер на Северна Кореја го има постариот брат Џонг Чул, но тој нема некој посебен статус во Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top