| четврток, 6 декември 2018 |

Минатиот месец стана мајка на ќерка на која ѝ даде необично име, а сега на сите им покажа како изгледа бебето

Кон средината на јануари на свет дојде нејзината втора ќерка, а за името на наследничката нашироко се зборуваше, за да сега познатата убавица сподели прва фотографија од едномесечното бебе.

Ким  Кардашијан на своите обожаватели им покажа фотографија со ќерката што одушеви многумина, па и оставија голем број на комплименти. Таа не пропушти можност со помош на една апликација да додаде ефект кој последниов период е многу популарен, а фотографијата за кратко време освои милион лајкови.

-Бебето Чикаго-напиша Ким во опис на фотографијата.

 

Инаку Ким, покрај малата Чикаго која ја доби од сурогат мајка, ги има ќерката Норт и синот Сеинт, кој на свет ги донесе таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top