Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон изјави дека Велика Британија на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и на неговата екипа им соопшти дека Русија е способна за различни валкани трикови и дека е одговорна за хакирањето во текот на американските претседателски избори.
Како што пренесуваат американските медиуми, Џонсон изјавил дека „сосема е јасно дека хакирарањето на мејловите на демократите дошло од Русите“. Меѓутоа, за нас ќе биде глупаво и натаму да ја демонизираме Русија или да ја туркаме во агол, рече Џонсон по состанокот со помошниците на Трамп. Тој кажа и дека денешниот состанок бил многу продуктивен и дека постои високо ниво на согласност меѓу Велика Британија и новата администрација на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.