Поранешниот градоначалник на Лондон и актуелен пратеник во британскиот Парламент од редовите на владејачката Конзервативна партија, Борис Џонсон оцени дека ЕУ сакајќи да создаде европска супер-држава, тргнала по истиот погрешен пат по кој оделе Хитлер и Наполеон.
– Наполеон, Хитлер и многу други луѓе се обидуваа да го создадат она што сега сака да го создаде ЕУ. Познато е дека нивните обиди завршија трагично, изјави во интервју за „Дејли Телеграф“, Борис Џонсон. кој е предводник на камапњата за истапување на Велика Британија од ЕУ на претстојниот референдум и е еден од претендентите за наследник на британскиот премиер Дејвид Камерон на местото лидер на конзервативците.
Според Џонсон, ЕУ се соочува со недостиг на демократија и единствена власт, па затои идејата за нејзино создавање е осудена на пропаст.
– Основа на она што и недостасува на ЕУ е вечниот проблем кој лежи во немањето фундаментална посветеност на идејата за Европа, вели Џонсон во интервјуто.
Според него, еден од проблемите во ЕУ е тоа што таа нема единствена власт која ќе ја почитуваат и разбираат луѓето, што доведува до масовен вакуум на демократијата и и овозможи на Германија да ја засили својата позиција во Унијата и дури „да преземе конторла врз италијанската економија и да ја разори Грција“.
Џонсон во интервјуто ги повикува Британците на референдумот на 23 јуни да гласаат за излегување на Велика Британија од ЕУ, со што според него, ќе се претворат во „херои на Европа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.