| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона се откажува од Кире или му носи само резерва?!

jure-dolenec

Конкуренцијата на позицијата десен бек во Барселона уште повеќе се засили откако каталонскиот гигант го договори трансферот на Јуре Доленец. Словенечкиот репрезентативец пристигнува од редовите на Монпелје и во Барселона официјално ќе се пресели наредното лето, потпишувајќи петгодишен договор со екс-шампионот на Европа.

– Доленец е играч со проверено искуство, 380 одиграни натпревари и 106 постигнати голови за Словенија и кој ќе биде дел од својата репрезентација на СП во Франција, кое почнува в среда. Во француското првенство тој има 87 натпревари и 322 гола за Монпелје, а сезонава е стрелец на 55 погодоци на 13 натпревари за својот клуб – објави Барселона на својот официјален веб-сајт.

Кире Лазаров е прв десен бек на Барселона уште по трансферот од Сиудад Реал. Останува да се види дали доаѓањето на Доленец би можело да значи заминување на Македонецот, или пак отстапување на позајмица на Французинот Дика Мем, кој не игра на посакуваното ниво.

Монпелје веќе ја договори замената за Доленец, станува збор за Мелвин Ричардсон, синот на прославениот Џексон Ричардсон, кој доаѓа од редовите на Шамбери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top