Според МВР, денеска во 9 часот и 45 минути тројца маскирани и вооружени разбојници ја ограбиле експозитурата на Халк банка во скопската населба Илинден.
За среќа, нема жртви ниту повредени. Тројцата, како што јавува полицијата, од вработените одзеле околу еден милион денари и побегнале во непознат правец. Полицијата работи на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.