| четврток, 6 декември 2018 |

Џинобили се заборави, ќе направеше од готово – вересија (видео)

Ману Џинобили направи нерезонски потег во финишот од вториот натпревар против Мемфис, со груб фаул над Тони Ален им даде можност на гостите да се изборат за продолжение иако неговиот Сан Антонио имаше речиси сигурна победа. На 26 секунди до крај, Аргентинецот го фаулираше Ален, овој ги погоди двете слободни фралања, а Мемфис доби шанса за напад што го искористи и израмни на 85-85. За среќа на Ману, Сан Антонио го доби продолжението со 93-89 и води со 2-0 во победи во финалето на западната конференција во НБА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top