Телото на младата давеничка, која вчера од мостот кај Кале се фрли во водите на реката Вардар, синоќа беше пронајдено во реката во близина на скопското село Трубарево.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за 16-годишната Сибел Јашаровска. Нејзиниот идентитет го потврди татко ѝ.
Засега нема информации за можниот мотив што ја натерал младата девојка да си го одземе животот.
Од полицијата велат дека се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.