| четврток, 6 декември 2018 |

„Ново киноутро“ во Кинотеката на Македонија

Кинотеката на Македонија и оваа година за време на зимскиот распуст организира дневна филмска програма „Ново киноутро“, во која од денеска до 20 јануари ќе бидат прикажани пет филма.

Филмската програма почнува денеска напладне со проекција на анимираниот јапонски филм „Змејска топка 2“ во режија на Тадајоши Јанамуро кој ќе биде репризиран утре.

Со почеток во 12 часот, на 11 и на 12 јануари е најавен американскиот игран филм „Макс Стил“ на режисерот Стјуарт Хендлер, на 13 и на 14 јануари анимираниот кинески филм „Змејско гнездо: зората на воинот“ на Јуефенг Сонг, на 16 и на 17 јануари анимираниот филм од Канада „Малите виленици пикси“ на режисерот Шон Патрик и на 18 и 20 јануари – играниот американски филм од 1991 година „Кука“ во режија на Стивен Спилберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top