| четврток, 6 декември 2018 |

Студениот бран во Европа зеде 33 жртви

studi

Во Полска поради студениот бран вчера починаа уште 10 лица поради што бројот на жртви изнесува 33 во Европа.

Во некои области во Полска измерени се минус 20 степени, а вчера беше најсмртоносен ден оваа зима.

Од почетокот на викендот во студениот бран што ја зафати Европа починаа најмалку 33 луѓе. пред се мигранти и бездомници.

Снежна бура ја зафати и Турција, а Истанбул е блокиран поради снегот од 65 сантиметри. Голем број училишта се затворени, како и Босфор, поради слабата видливост. Откажани се над сто летови од истанбулскиот аеродром.

Во снежната бура што ги зафати САД од Мисисипи до Мејн настрадаа четири лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top