Ќе се обидам да составам влада, но не по секоја цена. Ако се оди по досегашните воспоставени принципи во Македонија, би требало да составам влада. Ако се прекршат, сѐ е можно, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за „Дневник“.
-Ако ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија биде изиграна од ДУИ, независно кои ќе бидат причините за тоа, бидете убедени дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голам врата во Владата, и тоа најмалку два мандата по ред. За мене се најважни интересите и на Македонците и на сите граѓани на Македонија, вклучувајќи ги и Албанците – вели Груевски во интервјуто за „Дневник“.
Помеѓу албанските партии се креира заедничка платформа за настап. Се создава атмосфера овој пат да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ.
–Да, повторно таа атмосфера, како и во минатото и сега, се создава од медиумите и лицата што водат или припаѓаат или се соработници на НВО финансирани од Институтот отворено општество. Вмешувањето на некои странски политичари и дипломати во приказната е дел од истата операција, водена од еден центар. Сепак, одлуката ќе биде наша, на ДУИ и на другите партии, и никој нема право да каже дека некој друг му сугерирал или му вршел притисок затоа што на крајот финалната одлука е наша.
Многу албански политичари и аналитичари тврдат дека албанскиот електорат посакува влада водена од СДСМ со албанските партии, но во 2008 година македонскиот електорат, особено вмровскиот, потсетува Груевски, не сакаше коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, па таа се случи најмногу затоа што Албанците во Македонија сакаа ДУИ да ги застапува во Владата… Исто така, во контекст на тоа дека и членството на ДУИ не сака коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, Груевски се навраќа на ситиацијата во 2008, па донекаде и во 2011 и 2014 година. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ тогаш одлучи да коалицира со ДУИ затоа што беше очигледно од изборите дека мнозинството граѓани Албанци сакаат ДУИ да е во Владата.
–Во 2006 не можеше ни да биде поинаку бидејќи не само што воопшто не се познававме, туку с` уште беа свежи нашите спротивставености од времето на конфликтот во 2001 година, кога бевме на две спротивни завојувани страни. Сепак, и ние политичарите, но подоцна и нашите електорати, најдовме сила да ги надминеме тие предизвици.
Сепак, ДУИ сега може да донесе поинаква одлука исто како и ВМРО-ДПМНЕ, генерално секој донесува одлука самиот, но ако сега ДУИ отиде во коалиција со втората наместо со првата партија, со поразениот наместо со победникот, секако дека тоа ќе значи утврдување на една нова практика и традиција во Македонија, на која ние секако ќе се приспособиме, не само сега, туку и во иднина.
Со други зборови, ова значи, вели Груевски, дека ако ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија биде изиграна од ДУИ, независно кои ќе бидат причините за тоа, бидете убедени дека наскоро ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата и тоа најмалку два мандата по ред. И ќе бидеме без каква било обврска при составувањето на владата.
Груевски е свесен дека СДСМ сега им понуди подобри услови за коалицирање бидејќи поразениот обично нуди подобри услови. Поинаку не може ни да биде.
-Во 2008 и во 2014 година ВМРО-ДПМНЕ можеше да формира влада и без ДУИ и без ниедна друга албанска партија. Прашањето е дали ќе постапуваме по принципите што до вчера ДУИ ги заговараше јавно или ќе ги смениме. Ние сме подготвени за двете варијанти. Но, не само на овие избори, туку и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски