Но, шест албански партии, односно три партии и една коалиција составена од три партии, излегоа со заедничка платформа?
-И ние, и во минатото, и сега, и во иднина, ќе бидеме речиси 25 партии во коалиција со заедничка платформа. Ако сакаме да ја играме играта со платформи, нема проблем, така ќе тераме отсега.
Ахмети изјави дека за него се најважни интересите на Албанците и платформата на сите албански партии?
-За мене се најважни интересите и на Македонците и на сите граѓани на Македонија, вклучувајќи ги и Албанците. Инаку, верувам дека се свесни оти во коалиција со СДСМ, платформата што им ја составуваа, политички може да му помогне најмногу на СДСМ кај албанскиот електорат.
А зар нема да им помогне на Албанците во Македонија?
-На Албанците во Македонија нема да им помогне ако имаат двојазичност на цела територија, вклучувајќи ги и Делчево, Берово, Гевгелија или Кавадарци. Ним може да им помогне ако во наредните четири години се отворат уште 100 или 150 нови фабрики, и се вработат илјадници луѓе, ако стандардот почне да расте и имаат поубав и поквалитетен живот, ако пораснат пензиите, платите, субвенциите, социјалната помош, ако се изгради потребната инфраструктура, ако добијат поддршка за градба на куќи, ако се направат многу реформи и земјата се придвижи напред.
Сепак, двојазичност на целата територија е нешто што е цел на ДУИ и на албанските партии и можеби ќе направат с` што е во нивна моќ да ја остварат, макар и биле некој период во коалиција со СДСМ, па и по цена на помалку работни места за да го реализираат зацртаното.
-Двојазичност на цела територија и кантонизација не може да биде реализирано ако ВМРО-ДПМНЕ е против.
Како ќе го спречите тоа ако направат коалиција со СДСМ и сите албански партии?
-Знаат во ДУИ како.
Па, добро кажете ни и нам.
-Ќе ме разберете дека некои наши планови не сакам да ги откријам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски